Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува Весела Чернева – потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и советничка за надворешна политика на Кирил Петков во периодот кога беше бугарски премиер, се емитува вечерва (19 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ „Алсат“
Среде обновената спирала на меѓусебни обвинувања на релација Бугарија – Северна Македонија (последните изјави од Радев, Јотова, Ковачевски, Пендаровски…) имаме ретка можност за гостинка да ја имаме Весела Чернева, потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи – призната меѓународна тинк-тенк организација во чиј фокус е европската надворешна и безбедносна политика. Чернева е шефица на софиската канцеларија на Советот. Во својата кариера, покрај искуството од невладината сфера, има и институционален опит – од 2010 до 2013 беше портпаролка и членка на политичкиот кабинет на тогашниот шеф на бугарската дипломатија Николај Младенов во една од владите на Бојко Борисов. За македонската јавност, Весела Чернева во последниот период е позната како советничка за надворешна политика на премиерот Кирил Петков од јануари до јуни минатата година. Владата на Петков падна по излегувањето на партијата Има таков народ на Слави Трифонов, кој нашуштањето на владејачката коалиција предводена од Продолжуваме со промените тогаш го образложи со несогласување со Петков на темата – односот кон Северна Македонија. Трифонов обвини дека министерка за надворешни работи не била Теодора Генчовска, предложена на функцијата од неговата партија, туку советничката на Кирил Петков – Весела Чернева. Слушнете како одговара Чернева на аргументите на противниците на уставни промени – дека со нивно усвојување би се отворил пат за нови и нови бугарски барања и условувања.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.