Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува шефот на државата Стево Пендаровски, се емитува вечерва (21 мај 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Владата на Северна Македонија смета дека португалскиот предлог за деблокада на евроинтеграциите е „добра основа за постигнување решение“, а претседателот на Бугарија вели дека не сакаат само декларации, туку гаранциите за своите национална безбедност и интереси. Дали обидите на португалското претседателство пропаднаа уште пред да почнат или ова е само почеток на посредничка мисија на Лисабон, која ќе трае до Советот за општи работи на ЕУ на 22 јуни, кога би се носела одлука за С македонија и Албанија? За ова, како и за други актуелни теми, како неодамнешната кавга меѓу српскиот претседател и косовската претседателка во Брдо кај Крањ, законот за легализација на дивоградби, вечерва во „360 степени“ – интервју со претседателот Стево Пендаровски.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.