Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се емитува вечерва (28 мај 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараме за: последниот случај што го отвори опозициската партија со наводи за изнуда – рекет од битолска компанија од тогашниот директор на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски, во полза на фирмата „СВ инвест“, која се поврзува со семејството на премиерот Зоран Заев; за околностите под кои „СВ инвест“ оди во стечај; рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ наспроти владејачкиот СДСМ; односот со партијата Левица и можноста за предизборна или постизборна соработка; потенцијалот за коалиција со Алијанса за Албанците/Алтернатива; законот за легализација на дивоградби и дали ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поддржи ако член 41 претрпи измена…
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.