Емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (16 октомври 2020 г.) на ТВ Алсат од 22:00 часот

Среде неизвесноста како ќе се постави Бугарија во однос на преговарачката рамка и закажувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Унија, во „360 степени“ гостува Љубчо Георгиевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-Народна партија. Георгиевски во 1999 година со тогашниот бугарски премиер Иван Костов ја потпиша Заедничката декларација на „бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија“. Ќе го прашаме експремиерот што мисли за тезите во бугарскиот Објаснувачки меморандум испратен до членките на ЕУ, за односот на македонските власти и кој е можниот излез од оваа ситуација.
„360 степени“ почнува во 22:00 часот на ТВ Алсат.