Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (17 јануари 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание донесуваме:
-Дали и кога Бугарија ќе го крене ветото за Северна Македонија во ЕУ – интервју со бугарскиот премиер, Кирил Петков, пред посетата на Скопје;
-По посетата на новата германска министерка за Европа, нова порака дека преговорите на С Македонија со ЕУ треба да почнат веднаш, но без рок за тргање на блокадата од Бугарија;
-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со три пати помал буџет за 2022 г. од бараниот – нема пари за бироа и столчиња за нововработени или преземни, без што, пак, нема нормална работа на ова тело;
-Обвинителството истражува зошто Оливер Спасовски три месеци не постапил по наодите за пропусти во станицата за технички преглед во Глумово во која поминал и автобусот што изгоре во Бугарија. МВР и натаму молчи;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува вечерва на ТВ Алсат од 22 часот.