По денешните средби со државно-владиниот врв во Скопје, заменик-помошникот државен секретар на САД даде интервју за „360 степени“, кое ќе го емитуваме во вечерашното издание (6 декември 2021 г.) на нашата емисија со почеток од 22 часот на ТВ Алсат
Соединетите Американски Држави се надеваат дека првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија може да се случи оваа година, а ако не – тогаш што е можно побрзо следната година. И за ова да се оствари, САД се во контакт со сите свои европски партнери. Ова, во интервју за „360 степени“, го вели шефот за Западен Балкан во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар, по денешната прва посета на Скопје по преземањето на новата функција во хиерархијата на американската дипломатија. Освен за блокадата во ЕУ, во интервјуто ќе ги слушнете одговорите на Ескобар на прашањата за случувањата на внатрешно-политички план, најавената оставка на Зоран Заев од премиерската функција, преговорите за консолидирање на парламентарното мнозинство, состојбите со корупција, состојбите во регионот…
Интервјуто е дел од редовното магазинско издание на „360 степени“ кое почнува во 22 часот на ТВ Алсат.