Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (10 јуни 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Вечерва зборуваме за транспарентноста на партиите – активната и финансиската. Колку се отчетни кон граѓаните и колку ги исполнуваат законските обврски како иматели на информации од јавен карактер, особено откако се финансираат со пари од државниот буџет? Индексот на транспарентност на политичките партии, истражување спроведено од Фондација „Отворено општество Македонија“ во рамките на поширок проект на Меѓународниот републикански институт од САД – ИРИ, покажува дека нема партија со одлична или многу добра оценка. Од можни 120 поени, најмногу – 72, има Левица. Од поголемите партии, ДУИ е кон дното на листата од 28 истражувани субјекти, со 11 поени. На оваа тема во „360 степени“ разговараме со Марија Мирчевска од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и претставниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса за Албанците – Богданка Кузеска, Марија Митева и Омер Ајдини.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.