Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, се емитува вечерва (31 март 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, со министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, разговараме за разликите во коалицијата за тоа како да се настапи на есенските локални избори. Дали Таравари е поблиску до одлука за самостоен настап или заедно со ВЛЕН, како ги доживува споредбите со Луј 14-ти, дали има контакти и понуда за соработка од ДУИ, каква е улогата на Албин Курти, а каква на Еди Рама во актуелната ситуација – се дел од прашањата до нашиот соговорник.

Го прашуваме и каков е статусот на ВЛЕН во Владата, дали е задоволен од постигнатото во изминатите девет месеци на власт, зошто се откажа од склучување јавно-приватно партнерство со фирмата од Албанија „Ѓока констракшн“ за паркингот на Клиничкиот центар во Скопје. Тема се и текот на лекувањето на повредените во пожарот во Кочани, потребата за набавка на нови амбулантни возила, како и објавата на премиерот Христијан Мицкоски за преговори со „моќна европска држава“ за инвестиции од неколку милијарди евра во инфраструктура и здравство.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.