Емисијата „360 степени“, во која гостува градоначалникот на Скопје, се емитува вечерва (22 јануари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат
Град Скопје пред десет дена потпишал договор со конзорциум на фирми предводени од „Македонски телеком“ – вреден 6,5 милиони евра за, како што пишува во документот, набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град. Колоквијалното име на проектот е „Смарт сити“, а што во практична смисла треба да очекуваат жителите на главниот град од него вечерва ќе се обидеме да дознаеме од градоначалникот Петре Шилегов. Со Шилегов ќе разговараме и за сѐ уште само најавеното автобуско метро или „бас рапид транзит“, актуелните случувања околу езерото Треска во Општина Сарај и за други ветени проекти. Ова интервју се случува на девет месеци пред локалните избори, па логично е да зборуваме и за амбицијата на Шилегов за уште еден мандат на чело на Скопје.
„360 степени“ почнува во 22 часот на ТВ Алсат.