Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (16 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Седум години по скандалот со масовното прислушување и четири години по носењето на Законот за следење на комуникациите – зошто се уште нема функционален систем за надзор и има ли политичка волја за отстранување на пречките;
-Германија и други членки на ЕУ бараат почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија до летото – шефовите на дипломатиите од Унијата во Брисел расправаа за Западен Балкан;
-За да нема рестрикции на вода во Скопје во функција се сите редовни и резервни извори и бунари – се работи на повторно вклучување и на бунарите во Инџиково;
-Ни третина од брашното во земјава не се произведува од домашна пченица – ќе дадат ли резултат владините субвенции за зголемени домашни посеви и приноси;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.