Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое предизборно се соочуваат Максим Димитриевски и Оливер Илиевски, се емитува вечерва (29 октомври 2021 г.) од 21:55 часот на ТВ Алсат
Пред почетокот на молкот во пресрет на вториот круг од локалните избори в недела, вечерва во „360 степени“ на ТВ Алсат ќе видите соочување на кандидатите за градоначалник на Куманово. Во оваа општина се води една од најинтересните битки, со оглед на тоа што во вториот круг се пласираа независниот кандидат, Максим Димитриевски, кој е актуелен градоначалник, позиција на која беше избран како кандидат на СДСМ. Негов директен ривал во вториот круг е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово на овие избори, Оливер Илиевски, кој е директор на подружницата во АД Водостопанство – Кумановско-липковско поле. Битката за Куманово не е интересна само поради партиско-политичката ориентација на кандидатите, туку и затоа што оваа општина е мултиетничка и гласовите на граѓаните етнички Албанци играат улога во конечниот исход.
Емисијата почнува во 21:55 часот на ТВ Алсат.