Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат Билјана Ивановска и Слаѓана Тасева, се емитува вечерва (16 април 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Неполн месец му требаше на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отвори истрага за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја спровел Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на Владата. Предистрагата беше отворена на 18 март, а денеска сме 16 април. „360 степени“ го отвори случајот на 9 март, па краткиот временски период во кој се случува сево ова може да биде индикација дека сме биле на вистинската трага да укажеме на потенцијална корупција и злоупотреба на јавни пари.
Овој случај е една од темите за кои вечерва ќе разговараме со Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција и Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл Македонија“ и поранешна претседателка на Антикорупциската комисија. Зборуваме и за случајот со најавената градба кај „Холидеј ин“, за иницијативата пред Уставниот суд за одредба од Законот за банки и потенцијалниот конфликт на интерес кај еден судија, за пристапот на владините институции кон корупцијата…
„360 степени“ почнува во 22 часот на ТВ Алсат.