Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (16 јуни 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Како ништо од критиките да не допира до членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, или барем до најголем дел од нив. Последна во низата релативизации е за наодите од истражувањето насловено „Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија“, презентирано неделава, за кое вчера од првите луѓе на двете клучни тела слушнавме пораки на само делумно прифаќање на резултатите кои покажуваа дека огромен процент од анонимно анкетирани судии и обвинители немаат доверба во начинот на кој советите ја остваруваат својата уставна и законска улога. А ова е само продолжување на спиралата лоши вести и скандали продуцирани во судството и обвинителството во последните месеци чија последна фаза, се чини, почна, со тензичната седница на Судскиот совет на 26 април кога беше констатирано дека Весна Дамева е разрешена од претседателка на Судскиот совет, иако за таа одлука гласаа само седум члена, а изборот на претседател се врши со минимум одум гласа. Колку во позадината на сево ова се политичко-партиски игри за надмоќ и влијание и за унапредување или спасување на „нашите“ судии и обвинители, разговараме со Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за павично судење“, организација која одблиску ја следи работата на Судскиот и на Советот на јавни обвинители и Васко Маглешов, истражувачки новинар во БИРН и претседател на Судско-медиумскиот совет.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.