Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (4 април 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание објавуваме:
-Владата тврди дека субвенционира 80 % од сметките за струја за домаќинствата – до кога може да издржи државниот буџет;
-При евентуално кревање на ветото за Северна Македонија во ЕУ, ќе има критики за владата на Кирил Петков, но таа нема да падне – интервју со бугарскиот политиколог и член на БИЕПАГ, Димитар Бечев;
-Велешанка пријавила тепање и силување, но ОЈО Велес ја запрело постапката зашто немало докази дека осомничениот сторил силување – невладини реагираат на начинот на кој е воден целиот случај;
-До кога започнатите, а недоградени факултетски згради ќе зјаат како авети во кампусот на УКИМ; Пред тендер за доградба, МОН бара промена на проектите зашто предвидените барокни фасади биле скапи, а нефункционални;
-„Микрофонот е ваш“: Дали резултатите од пописот се реални и што е поважно – етничките проценти или колкумина се иселени;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.