Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (17 мај 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва објавуваме:
– И покрај техничката влада во Бугарија, вицепремиерот за европски прашања во интервју за „360 степени“ најавува интензивирање на контактите на релација Скопје-Софија и засилен ангажман на португалското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтеграциите на Северна Македонија во јуни;
– По конгресот на СДСМ – каков е политичкиот профил на новата заменик-претседателка Сања Лукаревска и зошто се повлече Радмила Шекеринска;
– Случај со нелегална градба на државно земјиште во Бутел, во кој се спомнува сопругот на градоначалничката на Арачиново – појавувањето на камерата на „360 степени“ ја смени приказната за само три дена;
– Ќе има ли интерес кај деветтоодделенците за упис во новоотворените 97 дуални паралелки – МОН, училиштата и компаниите во обид да ги уверат дека избор на средно стручно е инвестиција во извесна иднина;
– „Саботажа“.
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат.