Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (11 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Уште неизлезени од ковид-кризата, со сите свои здравствени и економски последици, влеговме во нова, можеби уште понеизвесна криза. Причината е руската инвазија на Украина, која предизвикува огромни дисторзии на економски план, преку зголемување на цените на енергенсите, зголемување на цените на храната, нарушување на ланците на достава… Многумина ја квалификуваат како најголема криза во Европа по Втората светска војна, но дури и да не е така, последиците што веќе ги чувствува цела Европа, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се повеќе од очигледни и незабележани долг период. Дали сетот на мерки и препораки со кој излезе Владата во средата е навремен и соодветен? Дали ќе го има ефектот на заштита на животниот стандард на граѓаните и зачувување на ликвидноста на компаниите – цел поради која се носи? Има ли пари во буџетот за сево ова и од каде и по каква цена би се покривал дефицитот? Може ли да се предвидува како ќе се развива целата ситуација? Ова се дел од прашањата за кои разговараме со академик Алдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и Марјан Петрески, професор на Универзитетот Американ колеџ.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.