Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се емитува вечерва (3 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Мноштво погледи се свртени кон црквата „Свети Спас“ и нејзината околина во Скопје во пресрет на утрешното одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Стигнаа и мноштво повици за мирно и достоинствено чествување, но останува да лебди тензијата креирана во изминатите неколку недели. Што презеде и ќе преземе Министерството за внатрешни работи во врска со утрешниот настан е една од главните теми на кои разговараме со министерот Оливер Спасовски. Го прашуваме и дали знаел дека на Светосавската академија, на која присуствуваше со премиерот и министерката за одбрана, ќе беседи Драгослав Бокан за кого Македонија е вештачка творба што ќе се распадне. Тема се и предлог-законот за амнестија за 27 април што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ и состојбите во СДСМ.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.