Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (28 септември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата:
– За бугарската кампања меѓу Горанците пред пописот на Косово – репортажа од Брод и Горни Крстец;
– Директорот на Националниот парк „Шар планина“ сам ги брои дивоградбите зашто општините не соработуваат – стигнал до 769 надвор од населените места, од кои 436 на државно земјиште;
– Автопатот Кичево – Охрид нема да биде готов ни до крајот на оваа година, како што предвидува законот; Светла точка во тажната македонска приказна е младиот инженер од Демир Хисар кому му припаднала задача за изведба на најдолгиот распон меѓу два столба на вијадукт во земјава;
– 181 пациент се на листата за чекање за трансплантација на орган; во досегашните 66 трансплантации е регистриран еден смртен случај;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува на МРТ 1 од 20:15 часот.