Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (14 март 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Бугарската влада набавува јод-таблети поради ризик од нуклеарен инцидент во Украина – проверивме што се случува кај нас;
-Во каква состојба се скривниците во земјава и системот за рано предупредување – сторија од терен;
-Европската Унија е загрижена за политичката поларизација во земјава и апелира за договор меѓу власта и опозицијата за прашањата од државен интерес – интервју со амбасадорот Дејвид Гир;
-Турција прва на Индексот на меѓународно присуство во Северна Македонија, САД шести, Русија петнаесетта – што друго открива истражувањето на Преспа институтот;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.