Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (29 април 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Топката веќе не е нашата половина, таа е во Софија. Тие треба да кажат дали ќе преземат стратешко лидерство во овие тешки времиња за континентот или целиот регион и иднината на граѓаните ќе ги стават во заложништво. Ова е порака од шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој деновиве во неколку јавни настапи предупредува дека ако до јуни нема пробив во преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, во иднина ќе има се помалку сила, енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Дали ова е унисон владин став – вечерва ќе го прашам вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Ќе зборуваме и за размената на пораки на релација опозицијата-власт на тема предвремени избори. Има ли околности под кои СДСМ би оделе на избори пред редовниот термин – пролетта 2024 година? Какви се односите на социјалдемократите со ДУИ и со новиот партнер во Владата – Алтернатива?
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.