На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 321 815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11 220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12 994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542 699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220 884 граѓани.
Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
За вакцинација досега се пријавиле 469 212 граѓани, преку официјалната веб-страница.
Масовна вакцинација на повеќе од 15 илјади граѓани дневно се очекува да почне овие денови, како што најави министерот за здравство Венко Филипче. Со пристигнувањето на пратката од 500 илјади кинески вакцини „Синовак“, до 15 јули би требало да да се вакцинираат сите пријавени.
Вакцините се складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и во Институтот за судска медицина по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација, откако ќе заврши постапката за одобрение во Агенцијата за лекови.