Кардиналите денеска се состануваат со цел да ги договорат деталите за погребот на папата, што е првата од серијата генерални собранија што ќе ги одржат по неговата смрт
Телото на папата Франциск е изложено во ковчег во резиденцијата „Санта Марта“, објави Ватикан.
Објавени се и фотографии и видео, на кои се гледа како телото на папата Франциск е изложено во дрвен ковчег во резиденцијата „Санта Марта“ во Ватикан.

Ковчегот на папата подоцна ќе биде пренесен во базиликата „Свети Петар“, каде што јавно ќе биде изложено.
Кардиналите денеска се состануваат со цел да ги договорат деталите за погребот на папата, што е првата од серијата генерални собранија што ќе ги одржат по неговата смрт.
Обредите на жалост траат девет дена, а за датумот на погребот ќе одлучат кардиналите.
Според Апостолскиот устав, кој ги дефинира процедурите по смртта на папата, погребната церемонија треба да се одржи меѓу четвртиот и шестиот ден од неговата смрт.
Тоа значи дека погребот би може да се одржи меѓу петок, 25 април и недела, 27 април.
Папата Франциск почина вчера на 21 април во 7:35 часот на 88-годишна возраст. Причината за неговата смрт, како што објави Ватикан, се мозочен удар и срцева слабост.