Во информацијата од Патријашијата се наведува дека вселенскиот патријах испаратил пораки со честитки до новиот македонски премиер, како и до новата претседателка на Европскиот парламент
Вселенскиот патријах Вартоломеј му испратил честитка на новиот македонски премиер Димитар Ковачевски за изборот на функцијата.
Информацијата за честитката до Ковачевски е објавена и на интернет страницата на Вселенската патријашија.
Во соопштението се наведува дека Вартоломеј испаратил пораки со честитки до Ковачевски, како и до новата претседателка на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
„Неговата Светост на двајцата им посака плоден и успешен мандат“,
се наведува во информацијата на страницата на Вселенската патријашија.
Новата македонска Влада, предводена од Ковачевски беше избрана минатиот викенд, во неделата пред полноќ, а по дводневна собраниска расправа.