Сè помали се шансите дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки за С Македонија и Албанија за отпочнување на разговорите за членство во ЕУ, вели еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Тој додава дека сè уште се надева, но смета дека шансите за тоа да се случи до крајот на годинава се намалуваат.
„Сѐ уште се надевам, но за жал, сѐ помалку е сигурно дека годинава можеме да ги усвоиме преговарачките рамки,“
рече Вархеји за време на дебатата за состојбата на Западен Балкан по повод 25 години по Дејтонскиот договор.
Според Вархеји, С Македонија мора да вложи дополнителни напори за да им излезе во пресрет на загриженостите на Бугарија и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете земји.
Според него, Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за новиот чекор за евроинтеграција на Скопје и Тирана.