„Не сакам да коментирам за разни клубови, плакати и графити на ѕидови, кога станува збор за билатерално прашање. Но, се надевам дека со усвојувањето на преговарачката рамка, првата меѓувладина конференција и политичкиот договор што нè доведе дотаму, креираше нова политичка и јавна клима и исто така потребната политичка рамка за справување со овие прашањата. Гледам некои позитивни знаци кои се појавуваат и мислам дека треба да ја вложиме нашата доверба кај нашите пријатели во Софија и кај нашите пријатели Скопје конечно да почнат да ја менуваат целата атмосфера меѓу двете земји“, рече Вархеји одговарајќи на новинарско прашање
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на прес-конференцијата, по претставувањето на извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, не сакаше да ги коментира отворањата на клубови во земјата со имиња на соработници на фашизмот во Втората светска војна и истакна дека гледа позитивни знаци по усвојувањето на преговарачката рамка и оти се надева дека Софија и Скопје ќе почнат да ја менуваат атмосферата што владее меѓу двете земји.

„Не сакам да коментирам за разни клубови, плакати и графити на ѕидови, кога станува збор за билатерално прашање. Но, се надевам дека со усвојувањето на преговарачката рамка, првата меѓувладина конференција и политичкиот договор што нè доведе дотаму, креираше нова политичка и јавна клима и исто така потребната политичка рамка за справување со овие прашањата“,
рече Вархеји oдговарајќи на новинарско прашање.
Тој истакна дека ги охрабрува двете страни да бидат отворени и да „дејствуваат во рамката што ја создадовме“.
„Гледам некои позитивни знаци кои се појавуваат и мислам дека треба да ја вложиме нашата доверба кај нашите пријатели во Софија и кај нашите пријатели Скопје конечно да почнат да ја менуваат целата атмосфера меѓу двете земји“,
порача еврокомесарот за проширување.
Прашан за оценките околу слободата на говорот, Вархеји истакна дека станува збор за законска реформа која се провлекува повеќе години и оддаде оти се надева дека опозицијата и власта ќе најдат начин да се договорат во парламентот за овие реформи.
Во однос на енергетската криза, тој посочи дека Европската Унија работи на поширок спасувачки пакет за целиот Балкан и дека резултатите и мерките ќе бидат презентирани на 3 ноември на состанокот во рамките на Берлинскиот процес.
Претходно, презентирајќи го извештајот пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Вархеји рече дека Северна Македонија ја покажа својата одлучност да оствари напредок на патот кон ЕУ како кредибилен партнер.
Изминатата година, оцени еврокомесарот, беше многу важна за Северна Македонија бидејќи ги започна пристапните преговори со ЕУ. Извештајот, според неговата презентација, ги поздравува направените реформи, но и ја потенцира важноста тие да продолжат, како и борбата против корупцијата.