Претставниците на ЕК и на САД размениле мислења за за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји соопшти дека денеска разговарал со високиот американски претставник Метју Палмер во Берлин за економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово.
Вархеји рече дека разговарал со Палмер, специјален пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“ за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
„Разгледавме како да работиме на имплементација со цел унапредување на економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово“,
напиша Вархеји на Твитер.