Комесарот за проширување Оливер Вархеи оцени дека ЕУ и Западен Балкан од кризата со ковид-19 излегуваат со зајакнати односи.
Говорејќи за поддршката на ЕУ за Западен Балкан во борбата против ковид-19, Вархеи нагласи дека давањето помош не е трка, туку смислен и корисен чин.
„Излегувајќи од кризата, нашите односи со регионот се засилуваат, а партнерите се чувствуваат повеќе поврзани со ЕУ“,
напиша комесарот на својот профил на Твитер.
По самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, комесарот за проширување истакна дека завршната декларација од самитот потврдува дека поддршката и соработката што ЕУ ја има со регионот „далеку го надминува она што другите партнери можат да обезбедат“.
„Тоа е реченица поддржана од сите лидери на ЕУ27, но и од лидерите од Западен Балкан“,
вели тој.
