Референдумот на кој жителите на Гевгелија се изјаснија против отворање рудник за злато на Кожуф ги мобилизира и валандовчани и богданчани, во чии атари веќе се гради рудник за бакар.
Стравувањата на локалните активисти и мештаните, се дека поради загадување од рудникот може да го изгубат главниот извор на егзистенција во овој крај, а тоа е одгледувањето раноградинарски култури.
Инвеститорот и одговорните во централната власт тврдат дека стравувањата се неосновани и дека нема да има значајни последици по животната средина.
Но, жителите не веруваат, па откако Советот на општина Валандово не донесе одлука, тие собраа потписи за да ја принудат локалната власт да организира граѓанско изјаснување. Референдум ќе има и во Богданци.
Напишете коментар