Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години
Граѓаните кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат во Македонија, ќе треба онлајн да се пријават на веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination , соопшти Министерството за здравство. Пријавувањето почнува од утре, 3 јули,и ќе трае една недела, заклучно со 10 јули. Преку регистрацијата на граѓаните, од ресорното министерство велат дека ќе се добие детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.
„На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста“,
соопшти Миистерството за здравство.
Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.