На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 263 083 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3 606 граѓани, а вкупно се вакцинирале 5 611 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 458 131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195 048 граѓани.
Со последните бројки, 48% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Бројот на пријавени граѓани на официјалната веб-страница за вакцинација е 452 093 граѓани.