Според украински извори, по нападот избувнал пожар, а локомотивата се одвоила и се оддалечила од местото на нападот

Украински беспилотни летала погодија руски воз што транспортираше големи количини гориво на фронтот во близина на окупираниот град Токмак. Во нападот биле погодени најмалку осум вагони со гориво.
Според украински извори, по нападот избувнал пожар, а локомотивата се одвоила и се оддалечила од местото на нападот. Споделени се неколку фотографии од настанот.
Ukrainian forces successfully hit a Russian fuel train this morning behind the frontline in Zaporizhia Oblast, setting multiple tankers ablaze. pic.twitter.com/Ike59x743K
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) August 19, 2025
Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски одржуваше состаноци со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција ДПА.
Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека Русија лансирала 270 беспилотни летала и 10 ракети преку ноќ во еден од најголемите напади овој месец. Тие соопштија и дека собориле 230 беспилотни летала и шест ракети. Евидентирани се напади на 16 локации со четири ракети и 40 беспилотни летала.
Додека траеја преговорите во Вашингтон, нападите не запираа. Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, поточно индустрискиот град Кременчук.
Неколку десетици дронови и најмалку две балистички ракети биле испукани кон регионот. Се наведува дека балистичка ракета погодила цел во јужниот украински регион Одеса. Деталите за штетата или жртвите остануваат нејасни.