ВМРО-ДПМНЕ за в сабота најавува протест пред Министерството за здравство против здравствените политики на власта во однос на пандемијата.
„Денеска починаа 35 лица, на денот кога имавме 51 погреб поради коронавирусот. 86 лица починаа за два дена. Овие луѓе немаше да бидат починати доколку Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да возат мотори и летаат со хеликоптери, обезбедеа вакцини. Но, ним поважни им беа провизиите за вакцини од обезбедувањето вакцини за спас на животите на граѓаните на Македонија. Над 4 000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии“,
се вели во најавата на протестот.