Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), вршител на должност Шаќир Ефенди Фетаху, денеска одржа прес-конференција за медиумите и истакна дека ќе се залага за целосна транспарентност кон медиумите и јавноста односно дека ќе имаат поинаков однос и кон домашните и кон странските медиуми.

Исламска верска заедница, рече тој, ќе ги почитува правилата на транспарентно и во секој момент и можност ќе им овозможи на медиумските претставници изворни информации со единствена цел тие да ги извршуваат задачите и должности на правилен и независен начин.
„Ние ќе бидеме отворени за сите медиуми. Ќе имате можност да поставувате какви прашање сакате. Ние ќе соработуваме со сите албански, турски, македонски. Моментално сме многу зафатени со делегации. Десет дена поминаа откако ја презедов функцијата. Ви ветувам дека ќе бидеме многу отворени со аргументи. Но, бараме да имаме искрен однос со вас, без некоја предрасуда“,
рече Шаќири.
Тој додаде дека медиумите ќе бидат поканети на сите настани на ИВЗ. Меѓутоа вршителот на должноста реис на ИВЗ, не одговори од кои причини е отстранет поранешниот реис Сулејман Реџепи.

За разлика од неговиот претходник кој после молитвата на Рамазан бајрам, го прогласи корона вирусот за мртов, Шаќири истакна дека ИВЗ од првиот момент била во служба на олеснување да се надмине оваа болест.
„Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите ’страв не, но голема свест против оваа болест да‘. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова“,
рече Фетаху.
