В четврток и петок целата територија на државава ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури, кои на повеќе места ќе бидат над 35 Целзиусови степени, а во југоисточните делови и над 40 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На целата територија на државата в четврток и петок ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
В петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи, посочуваат од УХМР