Според Ахмети, американските гласачи се определиле за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон
Им честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор и го споделувам уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа.
Ова е дел од честитката што лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја упати до Доналд Трамп за неговата победа на изборите во САД.
Според Ахмети, американските гласачи се определиле за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон.
„Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде што се гласаше за 47. претседател на водечката земја во демократскиот свет“,
вели Ахмети.
Изборната победа на Трамп денеска му ја честитаа и премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
За Мицкоски победата на Трамп е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.
Филипче е убеден дека ќе се продолжи стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.