Ова доаѓа откако по вчерашните преговори, Русија кажа дека планира да ги намали операциите во близина на Киев и Чернихив. Меѓутоа, за ваквото ветување многу западни земји изразија скептицизам и порачаа дека треба да се земе со претпазливост
Утрово се слушнале експлозии во близина на Киев, јавија репортерските екипи на западните медиуми.
Дописничката на Би-би-си јави дека денот започнал со звукот за сирените, по што следувале силни експлозии кои доаѓале од периферијата на главниот град, а кои се слушнале до центарот на градот. Сè уште не е познато дали експлозиите доаѓаат од руските или украинските сили или можеби од двете страни.
Ова доаѓа откако по вчерашните преговори Русија кажа дека планира да ги намали операциите во близина на Киев и Чернихив.
Меѓутоа, за ваквото ветување многу западни земји изразија скептицизам и порачаа дека треба да се земе со претпазливост.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, синоќа изјави дека иако има позитивни иницијативи по вчерашната рунда преговори тоа не значи дека ќе стигнат руските гранатирања.
Британското Министерство за одбрана, пак, во последниот извештај посочи дека руските единици се принудени да се вратат во Русија и Белорусија за да се реорганизираат, но исто така предупреди дека намалените сили на теренот може да значат и дека руската страна повеќе ќе се насочи на ракетни напади.