Земјотресот бил почувствува во Делчево, Берово и Пехчево
Земјотрес од 2,8 степени според Рихтеровата скала односно три според Европската макросеизмичка скала утрово е регистриран во регионот на Пехчево.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 6:36 часот на 115 километри југоисточно од Скопје односно потекнува од епицентралното подрачје Пехчево-Кресна.
Земјотресот бил почувствува во Делчево, Берово и Пехчево.
