Неколкучасовната посета на германската канцеларка на Тирана се смета за нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година
Германската канцеларка Ангела Меркел утре е во посета на Белград, каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, а во вторник во Тирана ја завршува европската турнеја, каде што ќе има средба со премиерот Еди Рама, но и со шефовите на владите на Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.
Вучиќ изјави дека посетата на Меркел е „голема чест за Србија и можност да ѝ се изрази благодарност за се што направи за земјата и за регионот, за време на нејзиниот долг и успешен мандат“, пренесе Бета.
„Никогаш нема да ја заборавам поддршката што ни ја даде во 2015 година, како и дека поттикнуваше инвестиции кога Хрватите воведоа санкции за мигрантите. Нејзините министри работат да донесат инвеститори, а тоа не би било така да не е Меркел“,
изјави денеска Вучиќ.
Канцеларијата на германската канцеларка претходно објави дека разговорите меѓу двајцата државници ќе се фокусираат на билатералните односи, економските и политичките прашања и на европската перспектива .Како што беше соопшти српското претседателство, германската канцеларка ќе слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околу 16 часот, а свечена церемонија за добредојде ќе се одржи пред Палатата на Србија, околу 18 часот, по што таа ќе разговара со Вучиќ, а потоа ќе се обратат пред медиумите.
Во вторник , Меркел патува за Тирана, каде што, меѓу другото, се очекува да има средба и со македонскиот премиер Зоран Заев, покрај другите премиери од Западен Балкан.
Политичкиот коментатор од Тирана, Бен Андони, за Бета изјави деа албанскиот премиер Еди Рама е еден од лидерите што се залагаше за одредени елементи на Берлинскиот процес.
„Тоа значи односи со Србија и Северна Македонија, регионален пазар, но и балканската железничка платформа … Но, Тирана е исто така добра можност да се најдат агли во триаголникот Србија-Косово-Албанија, а канцеларката Меркел игра внимателно, за иднината“,
рече Андони.
Берлинскиот процес, како иницијатива силно поддржана од канцеларката Меркел, почна во 2014 година и има за цел зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ, во областа на економијата, транспортот и енергетиката.
Андони смета дека средбите на Меркел во Тирана ќе бидат симболични и ќе претставуваат „убаво збогување од канцеларската функција во Германија како локомотива на ЕУ“.