На Плоштадот Македонија во Скопје утре ќе се одржи протест на Украинците кои живеат во земјата против руската инвазија во Украина.
Собирно место е споменикот „Воин на коњ“ од 14 часот.
„Ги повикуваме сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“,
велат од Здружението на Украинците „Лесја Украинка“.
Како што соопшти „Лесја Украинка“, на Плоштадот секој ден ќе се собира хуманитарната помош за Украина.
Минатата недела, Украинците кои живеат во земјава одржаа протест пред руската амбасада во Скопје.