Од МВР ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници

Утре, поради одржување на протестен марш под мотото „Стоп за Цементара“, во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Маршот ќе започне во 12 часот од пред зградата на Владата на булеварот „Илинден“ и ќе продолжи по булеварот „ВМРО“ и по улицата „Васил Главинов“. Оттука маршот ќе продолжи по улиците „Димитрие Чуповски“ и „11-ти Октомври“ пред Собранието.
Планирано е маршот да продолжи по улицата „Филип Втори Македонски“ и да заврши пред Министерството за животна средина.
Од Министерството за вантрешни работи (МВР) велат дека од единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за пренасочување на возилата во зависност од движењето на колоната.
Од МВР ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
