СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот

Поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре во централното подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од полицијата.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре со највисоки државни и воени почести ќе го пречека генералниот секретар на НАТО.
Официјалната церемонија со највисоки државни и воени почести за пречекот на Руте е закажана за утре во 11 и 50 часот, по што следува тет-а-тет средба меѓу него и претседателката, како и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
