За утре во 13:30 часот е закажан нов протест за случајот „Монструм“, кој ќе започне од паркот во Чаир и ќе продолжи кон Владата.
Од Министерството за внатрешни работи работи информираат дека поради протестот ќе има изменет режим на сообраќај на улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул. „Гоце Делчев“.
Министерството испраќа апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Инаку, за претходните протести за случајот „Монструм“, во кој имаше повредени полициски службеници и новинарски екипи, тројцата обвинетите учесници неодамна добија затворски казни од една година.
