Министерот за здравство Венко Филипче најави дека дискусијата на Комисијата за заразни болести за полицискиот час е во тек, препораките ќе бидат предложени до Владата, а одлуката ќе биде донесена утре.
Исто се очекува одлука и за отворање на рестораните, кафулињата…
„Најавивме отворање на угостителските објекти оваа недела, но утре ќе ја знаеме дефинитивната одлука, согласно стручните препораки. Како за следните чекори за олабавување на мерки за економските оператори така и одлука за тоа како ќе биде организирано движењето во текот на викендот“,
рече Филипче.