МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај

Министерството за внатрешни работи најавува посебен сообраќаен режим во Скопје во следните два дена (10.09. – недела и 11.09 – понеделник), поради одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони.
„Имено, во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај“,
соопштуваат оттаму.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.