Утре на некои места се очекуваат и 36 степени, но од среда на повеќе места времето ќе биде нестабилно со поројни дождови и грмежи. Такво време се најавува до крајот на неделата, а претстојниот викенд се очекува и засилен ветер
Утре веројатно е последниот ден од оваа недела кога времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Утринската температура ќе биде од 11 до 20, а дневната ќе се движи од 28 до 36 степени.
Но, високите температури и летните горештини ќе исчезнат наредните денови. Според најавите од УХМР, од задутре (среда) на повеќе места ќе биде времето ќе биде нестабилно односно ќе има поројни дождови, грмежи и локално невреме.
И во следните два дена (четврток и петок) повторно се очекува поројни дождови и грмежи. Летните температури ќе ги нема ниту за време на викендот бидејќи се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец.