Со ова, Уставниот суд останува со седум судии, откако беше разрешена уставната судијка Елизабета Дуковска, а на нејзино место се уште не е избран нов уставен судија
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Судот, е поднесена поради здравствени и лични причини.

Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12 декември 2023 година. Таа е професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но професорската работа и беше ставена во мирување поради изборот на функцијата судија.
Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор, додека судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор.
Со ова, Уставниот суд останува со седум судии, откако беше разрешена уставната судијка Елизабета Дуковска, а на нејзино место се уште не е избран нов уставен судија.
