Закажувањето на оваа седница доаѓа откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисија, пратеничката Марија Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња. Овој суд во моментов од предвидени девет има само пет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии. На уште еден судија мандатот му истече во јануари годинава
Пратениците денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да достават предлози за нови уставни судии кои би ги пополниле испразнетите четири места во Уставниот суд.
За претпладнево е закажана седница на ова собраниско тело на чиј дневен ред е утврдување на предлозите.
Закажувањето на оваа седница доаѓа откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисијата, пратеничката Марија Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња. Своите предлози тие ќе ги изнесат на самата седница.
Уставниот суд во моментов од предвидени девет има само пет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии: Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.
Со тоа Уставен е на работ на кворум за одржување седници, додека досега повеќепати се соочи со пречки да носи одлуки за точките кои се дневен ред на седниците, со оглед дека му е потребно мнозинство од вкупно деветте предвидени гласови. Неколкупати преку соопштенија и изјави на претседателката, судијката Добрила Кацарска, оттаму алармираа дека состојбата е сериозна и бараа пратениците да ги пополнат испразнетите места.