Од скопскиот аеродром пациентите се транспортирани во Истанбул со авион на Итната помош на Министерството за здравство на Турција
Уште тројца од повредените во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, објави турската амбасада во Скопје. Пациентите од аеродромот во Скопје се транспортирани во Истанбул со авион на Итната медицинска помош на Министерството за здравство на Турција.

Турскиот амбасадор во земјава, Фатих Улусој, ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром „Скопје“ при нивното заминување од земјава, разговарал со младите кои биле свесни и им посакал брзо закрепнување.
Во моментов, на лекување во Турција се пренесени 12 од повредените.