Од друга страна, брoјката на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата
Шест лица починале во Тетовската болница во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава. Од болницата велат дека брјката на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата.
„Од шесте починати пациенти, најмладиот е на 53 години, додека најстариот на 82 години. Вкупно се хоспитализирани 91 лице, од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвензивен респиратор. Од хоспитализираните само еден е со една доза вакцина, а сите имаат хронични болести. Во текот на 24 часа, имаше шест нови приеми на болничко лекување, а двајца се пуштени дома“,
изјави д-р Миранда Пајазити, како што пренесуваат повеќе медиуми.
Во амбулантата на ковид – центарот за прегледи и контроли се јавиле 63 пациенти.