Не попушта ниту раковдството на претпријатието, ниту вработените. Полициски единици се присутни пред зградата на ЈП „Комунална хигиена“. На местото дојдоа и екипи на брза помош кои однесоа еден од вработените. Нејасно е дали тој бил повреден во протестот
Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева Николиќ, и вечерва се појави пред вработените кои неколку дена штрајкуваат и меѓу другото бараат нејзина смена. Ситуацијата е тензична, а забележливо е и засилено полициско присуство. Полицијата успеа да го деблокира влезот на објектот и неколку камиони за смет излегоа од дворот и се упатија кон градот за да ги празнат полните контејнери.
„Оставка, оставка“,
се слуша како скандираат вработените.
Директорката на тоа одговорила: „Вие вечер ќе работите“?
Штрајкот на вработените почна пред два дена. Како главна тие го наведуваат отпуштањето на дел од работниците во претпријатието. Другите барања се зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж.
Поради штрајкот контејнерите во Скопје со денови се преполни. Затоа, дел од градоначалниците на скопските општини најавија дека самите ќе го расчистат сметот.